Едноставен тест за рамнотежа ја одредува биолошката возраст: Колку години имате?

Заборавете на скапите анализи на лекар и од удобноста на вашиот дом пробајте тест за рамнотежа кој може да ја одреди вашата биолошка возраст.

Истражувачите од клиниката „Mayo“ открија дека времето за кое можете да одржувате рамнотежа на едната нога покажува колку се силни вашите коски, мускули и нерви.

Јасно е дека изнемоштеноста ги прави луѓето поранливи на здравствени проблеми бидејќи ја намалува способноста на телото да се справи со стресот и да се опорави од болести.

Стоењето на едната нога бара од вашето тело во исто време да извршува голем број сложени задачи. За да останете во исправена положба на едната нога, телото вклучува ситни органи во увото кои ја контролираат рамнотежата, визуелните сигнали од очите и повеќе големи мускулни групи во нозете и трупот.

Просечен 50-годишник може да одржува рамнотежа приближно 9 секунди, додека 80-годишник може да одржува рамнотежа само 3 секунди.

Американската Национална здравствена служба (НХС) има упатства за тоа колку долго треба да можете да стоите на едната нога во зависност од вашата возраст. Ова ќе ви даде одговор за тоа како е вашето целокупно здравје и кондиција.

За почеток, застанете на рамна површина без друга поддршка. Нека очите ви бидат отворени, а рацете на колковите. Одбројувањето започнува кога ќе ја подигнете едната нога и престанува кога ќе ја вратите назад или кога ќе ги тргнете рацете од колковите.

Ако имате помеѓу 18 и 39 години, треба да можете да стоите како фламинго на едната нога најмалку 43 секунди. Ако имате помеѓу 40 и 49 години, треба да можете да стоите на една нога 40 секунди.

Оние меѓу 50 и 59 години треба да можат да стојат на една нога 37 секунди. Инаку, според British Journal of Sports Medicine, неможноста да се застане на една нога 10 секунди во средната или подоцнежната возраст е поврзана со речиси поголем ризик од смрт во следните 10 години.

Ако имате помеѓу 60 и 69 години, треба да можете да стоите на едната нога 30 секунди. Луѓето на возраст меѓу 70 и 79 години треба да можат да стојат на една нога приближно 18 секунди. Ако имате над 80 години, треба да можете да стоите на едната нога нешто повеќе од 5 секунди.

реклама

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Живот

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Read more

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Викенд хороскоп за секој знак

Read more

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Read more
 

Магазин

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе

Кои витамини (не) треба да ги земате пред спиење?

Читај повеќе