Тиктокерката Сара Дојч сними видео со едноставен трик за брзо одмрзнување на шофершајбната.
Ова е еден од проблемите со кои се соочуваат возачите во зимските месеци, особено кога наутро брзаат на работа и немаат доволно време да ја исчистат шофершајбната.
Сепак, можете да се ослободите од овој проблем за само неколку минути. Како што вели Сара, сè што треба да направите е откако ќе го пуштите греењето да ги спуштите штитниците за сонце и да почекате. На овој начин ќе се насочи протокот на воздух и брзо ќе се одмрзне шофершајбната.
@saraedeutsch Teen drivers need to know this! Frozen windshield are about to be a thing with all the cold and snow #winter #buffalosnowstorm #winterweather #snow #teendriver ♬ original sound - Sara Deutsch
Многу нејзини следбеници беа изненадени од оваа информација и ѝ се заблагодарија за помошта.
„Имам 48 години и прв пат слушам за овој трик“, напиша еден корисник на TikTok.
„Напишавте дека ова видео е посветено на тинејџери кои штотуку научиле да возат. Имам 32 години и само што го научив ова“, додаде друг.
„А јас првиот километар го возам со главата низ прозорец“, е исто така еден од коментарите.