Кога ќе се разбудите наутро, веројатно сте во искушение да испиете шолја кафе. Сепак, експертите велат дека постои подобар пијалак кој ќе ве размрда – водата.

Пиењето вода е неопходно за исфрлање на токсините, стимулирање на метаболизмот, контролирање на внесот на калории, зајакнување на имунитетот, подобрување на здравјето на кожата и многу повеќе, според New York Post.
Истражувањето спроведено во 2020 година покажа дека пиењето 500 милилитри вода, т.е. приближно две чаши, по 12 часа дехидрација ја подобрува меморијата и расположението.
Исто така, пиењето 200 милилитри вода обезбедува многу од овие придобивки, додека 100 милилитри било многу помалку ефикасно.
„Водата сочинува 60-70% од телесната тежина. Таа е клучна за секој систем и метаболичка активност на човечкото тело“, напишаа истражувачите од Универзитетот во Пекинг, Кина во International Journal of Environmental Research and Public Health.
Лекарката Шиара Ортис-Пужолс истакна дека укажала дека губиме вода додека спиеме преку физиолошки процеси како што се дишењето и потењето.
„Водата за пиење ви помага да се рехидрирате за оптимално функционирање. Исто така помага во подготовката на вашиот дигестивен систем за храната што ја јадете подоцна во текот на денот“, рече таа, меѓу другото.
Топлата вода ја подобрува работата на дигестивниот систем, а ладната ја подобрува работата на метаболизмот.