Да се седне во внатрешноста на загреан автомобил не само што е многу непријатно, туку може да биде и опасно за здравјето.
Без разлика дали имате клима уред или не, овој трик ќе ви помогне автомобилот што стоел на сонце да го разладите за само 10 секунди.
Сè што треба да направите е да го спуштите прозорецот на страната од совозачот и да ја затворите вратата. Вратата откај возачот треба назименично да ја отворате и затворате, како во видеото.
На седиштата добро е, особено ако се кожни, да ставите памучен материјал така што полесно ќе седнете бидејќи нема да биде толку топло. Пред да го напуштите автомобилот ставете некаква навлака на менувачот па нема да биде врел кога ќе седнете зад воланот.