Секојдневното миење на косата не е добро за здравјето на скалпот. Со тоа предизвикувате спротивен ефект.
Со честото миење на косата ги поттикнувате лојните жлезди да лачат повеќе, а вашата коса ќе се масти и ќе биде оштетена.
За да го избегнете тоа и да ѝ овозможите да изгледа почисто, пробајте ги овие трикови.
Важна е температурата на водата
Избегнувајте врела вода затоа што таа предизвикува зголемена работа на лојните жлезди. Подобро е да се капете со топла или млака вода.
Мијте ја четката за коса
Ова е нешто што скоро никој не го практикува. Но, на четките и другиот прибор за стилизирање на коса, остануваат природни масти кои дополнително ја мастат вашата коса. Затоа потребно е барем еднаш неделно да ја измиете со шампон и вода.
Почесто менувајте ја навлаката за перница
Ова е особено важно во тек на летото кога повеќе се потиме, а освен тоа фризерите советуваат дека за здравјето на косата, најдобро е да одберете сатенска навлака за перница.