Едноставно Дубаи чоколадо со урми и ф'стаци

Рецептот за Дубаи чоколадо со урми и ф'стаци е брз, а епилогот е вкусен десерт за секоја пригода.

Дубаи чоколадото може да го направите и дома, а не мора да користите кадаиф.

Доколку сакате да уживате во богат десерт, но не сакате да поминувате премногу време во кујната, ова едноставно Дубаи чоколадо е вистинскиот избор. Комбинацијата на темно чоколадо, крем од ф'стаци, природна сладост на урми и крцкави ф'стаци создава совршена рамнотежа на вкусови. Совршен е како брз десерт за сите прилики, а има и луксузна нота која ќе ве воодушеви.

Ако сакате дополнително крцкање, можете да ги потпечете ф'стаците пред да ги ставите на чоколадото. За дополнителна кремаст, можете да додадете и малку кокосово масло во чоколадото додека се топи. Урмите можете да ги исечете на помали парчиња за да бидат рамномерно распоредени или да ги оставите цели за побогат залак.

Потребни состојки:
  • 150 гр темно чоколадо
  • 120 гр млечно чоколадо
  • 1 шолја крем од ф'стаци
  • 20 урми
  • ¼ шолја сечкани ф'стаци
Подготовка:

Загрејте ја рерната на 100°C. Обложете плех со нелеплива хартија за печење и ставете го темното чоколадо. Ставете го плехот во рерна и печете 8 минути додека да се растопи чоколадото. Извадете го плехот од рерната, па со лажица распоредете го стопеното чоколадо во тенок слој во форма на правоаголник.

Во меѓувреме млечното чоколадо ставете во огноотпорен сад и ставете го во рерна исто така да се растопи. 

Урмите преполовете ги и наредете ги на чоколадниот слој. Врз урмите премачкајте го кремот од ф'стаци, па прелијте го со растопено млечно чоколадо. Одозгора ставете сечкани ф'стаци. Оставете во фрижидер најмалку 30 минути за да се стегне.

Remote video URL
Тагови
реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Рецепти

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Read more

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Идеја за зимски ручек: Посен подварок со суви сливи

Read more

Посен рецепт на денот: Рибна чорба од ослич

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе