Едвај 10% од Европејците веруваат дека Украина може да победи во војната со Русија

Поддршката за Украина меѓу Европејците останува обединета, но речиси две години по почетокот на руската инвазија, само 10% од жителите на Стариот континент веруваат дека Украина може да ја победи Русија, покажува истражувањето спроведено во 12 земји од ЕУ, пишува The Guardian.

Повеќето веруваат дека ќе треба да се најде некаков вид на компромис за да се стави крај на војната.

Ова означува делумна промена во размислувањето, бидејќи пред една година мнозинството Европејци веруваа дека Украина треба да ја врати сета изгубена територија, но оваа година тие изгледаат склони кон пореален пристап и се фокусираа на постигнување мир. Прашањето е, сепак, што значи да се склучи примирје што би било прифатливо без да биде означено како украински пораз.

Промена на начинот на кој се зборува за војната

„За да ја оправдаат континуираната поддршка за Украина, лидерите на ЕУ ќе треба да го променат начинот на кој зборуваат за војната“, рече коавторот на студијата Марк Леонард од Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), кој ја предводеше анкетата.

Повеќето Европејци се „очајни да спречат руска победа“, но не веруваат дека Киев може да победи воено, рече Леонард, што значи дека најубедливиот аргумент за сè поскептичната јавност беше дека континуираната помош „може да доведе до одржлив, заемно корисен мир Киев, а не Русија“.

Истражувањето спроведено во 12 земји-членки на ЕУ (Франција, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Шпанија, Шведска, Романија, Португалија, Грција, Австрија) покажа дека неуспешните украински контраофанзиви и стравувањата од промена на американската политика со евентуалното доаѓање на Доналд Трамп го зголеми песимизмот кај европските жители.

Анкетата беше спроведена во јануари, пред повлекувањето на Украина од Авдиивка, каде Русија ја постигна најзначајната воена победа од заземањето на Бахмут минатиот мај.

Повеќето веруваат дека компромисот е единственото решение за завршување на војната

Истражувањето покажа дека само еден од 10 Европејци во 12-те анкетирани земји верува дека Украина ќе победи на бојното поле, додека двојно повеќе (20%) предвидуваат победа на Русија. Дури и во најоптимистичките земји-членки како Полска, Шведска и Португалија, само 17% од испитаниците (1 од 5) веруваат дека Киев може да надвладее.

Во сите земји, најчесто мислењето, кое го делат просечно 37 отсто од испитаниците, беше дека војната ќе заврши со компромисно решение, иако некои земји беа повеќе наклонети кон тој исход од другите.

Во Шведска (50%), Португалија (48%) и Полска (47%), испитаниците рекоа дека Европа треба да ѝ помогне на Украина да ги постигне своите цели, додека во Унгарија (64%), Грција (59%), Италија (52%) ) и Австрија (49%), испитаниците биле повеќе наклонети кон некаков вид на спогодување меѓу Киев и Москва. Во Франција, Германија, Холандија и Шпанија мислењата беа порамномерно поделени.

Најголем предизвик, велат истражувачите, ќе биде да се одреди кој би бил „прифатлив мир“ за Украина. Тие тврдат дека реториката на ЕУ треба да оди во таа насока, а не повеќе со цел апсолутна победа на Украина. Но, ќе биде тешко да се најде решение кое нема да биде сфатено и како украински пораз и како руска победа.

реклама

Чешањето на гениталиите може да биде предупредувачки знак за сериозна здравствена состојба

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Како честото консумирање индиски ореви влијае на телото?

Read more

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Read more

Свет

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Read more

Медведев: Изјавата на Зеленски за можноста за размена на територии е глупост

Read more

Трамп: Војната во Украина ќе заврши наскоро

Read more

Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: Вака Путин сака да ја заврши војната

Read more
 

Вести

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Читај повеќе

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетничка

Читај повеќе

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Читај повеќе

СДСМ: Го поддржавме законот за патните трошоци, потребни се казни за злоупотреби

Читај повеќе
  • filter

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Читај повеќе

Загина 66-годишен пешак, го удрило возило на патот Гостивар-Кичево

Читај повеќе

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на Левица за нивно намалување

Читај повеќе

Медведев: Изјавата на Зеленски за можноста за размена на територии е глупост

Читај повеќе