Ефект на пеперутка - „Жолтите елеци“ ја освојуваат Европа

Протестите на „жолтите елеци“ во Франција, кои траат подолго од еден месец, ги поттикнаа и останатите да ги следат, по што слични собири најавуваат и во Хрватска.

Поттикнати од успехот на француските демонстранти, слични протести почнаа да се одржуваат и во другите европски земји, како Белгија и Холандија, а сега слично движење се формира и во Хрватска.

На социјалната мрежа Фејсбук е отворена група „Жолти елеци Хрватска“, која моментално брои околу 10.000 луѓе. Групата е создадена од вонпарламентарната партија Слободна Хрватска.

Првите протести на хрватските „жолти елеци“ се најавени за оваа сабота во три градови Загреб, Пула и Риека, со почеток во 12 часот.

Организаторите на протестите ги повикуваат сите оние кои се незадоволни од социјалниот статус и состојбите во политичкиот и општествениот живот.

Земјоделци во „жолти елеци“ го блокираат сообраќајот во Варшава

Земјоделците кои протестираат во Полска вчера ја блокираа главната сообраќајница во Варшава, најавувајќи дека барикадите ќе останат сè додека премиерот Матеус Моравјецки не ги сослуша нивните проблеми. Тие носат жолти елеци, слични на демонстрантите во Франција.

Десетици земјоделци вчераутро спонтано се собраа на автопатот и го блокираа сообраќајот на неколку часа, предизвикувајќи километарски колони источно од Варшава. Во попладневните часови се разотидоа.

Земјоделците се жалат поради немањето државен надомест за загубата предизвикана од уништувањето на свињите заради запирање на ширење на болеста свинска куга. Тие се противат и на увозот на странски производи и бараат на прехранбените производи задолжително да е наведена земјата на потекло.

„Жолтите елеци“ пристигнаа и во Албанија

Бран протести завчера попладне ја зафатија цела Албанија, а дел од учесниците на собирите се појавија во жолти елеци по примерот на демонстрантите во Франција.

Освен студентите, кои протестраа веќе осми ден, на протести излегоа и граѓани од повеќе градови, незадоволни од високите цени на горивата и електричната енергија, како и од сиромштијата.

Жителите на поширокиот регион на Курбин, го блокираа автопатот Тирана-Кукс, барајќи намалување на цената на горивата и на електричната енергија, како и на даноците. Тие носеа пароли на кои беа напишани пораки против Владата на премиерот Еди Рама.

Паралелно со ова, протести се одржаа и во Скадар, Корча, Валона, Фиер, Елбасан, Драч и Пешкопеја, кои беа пропратени со блокирање на национални патишта и оние кои водат кон граничните премини, како и на автопатот Драч-Тирана.

Еден од најчесто извикуваните слогани на протестите беша „Рама оди си“.

„Жолтите елеци“, како што веќе се нарекоа демонстрантите, најавија масовен протест на 15 декември во 18 часот во Тирана под мотото „Дојди да протестираш за нафтата“.

Преку нивната Фејсбук страница тие ги повикуваат сите албански граѓани да протестираат против „високата цена на нафтата и нејзниот најслаб квалитет во регионот“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе