Ефективни совети како правилно да го користите клима уредот

Тековните летни горештини не тераат да се чувствуваме како асфалтот да се топи под нашите нозе. Речиси посакуваме малку снег и дожд за да се освежиме и да вдишеме ладен воздух. За среќа, постојат клима уредите, па можеме да уживаме во освежителната атмосфера во нашите домови.

Климатизерите се неизбежни во најтоплите летни денови. Но, дали знаеме да ги користиме правилно? Ова се неколку стручни и проверени совети за правилно користење на системите за разладување:

1. Не ја подесувајте климата на превисока или прениска температура. Најдобро е климата да ја наместите на температура од 24 до 27 степени. Околу 97% од луѓето се чувствуваат удобно на температура од 25 степени. Долгата изложеност на температура пониска од 23 степени може да предизвика болести на дишниот систем.

2. Најудобната собна температура варира од човек до човек. Жените согоруваат помалку калории од мажите, па обично им одговара нешто повисока температура. Со текот на годините и староста, метаболизмот забавува, па на постарите лица им одговара повисока температура.

3. Претераната употреба на климатизација кај алергичните лица може да ги влоши симптомите на алергија. Тоа е случај особено ако воздухот во просторијата не е чист или не се проветрува доволно редовно.

4. Ефикасноста на клима уредот опаѓа од 3 до 10% со секој степен под оптималната температура од 27.5 степени. Со други зборови, ако претерувате со ниските температури, ќе трошите повеќе струја.

5. Редовно чистете ги филтрите и сервисирајте ги уредите, бидејќи во нив се таложи нечистотија, и алергени бактерии кои можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми.

6. Најбитниот сегмент при купување на клима уред е истиот тој да одговара според моќноста, за просторијата за која е наменет. Доколку купите помал климатизер, односно со помала моќност тој ќе работи многу повеќе време за да ја олади просторијата и ќе потроши многу повеќе струја.

7. При купување на климатизерот, треба да се обрне внимание на енергетската ефикасност, односно колку е енергетската ефикасност подобра, толку потрошувачката на електрична енергија е помала. Па од таму особено е важно да се купуваат клима уреди со енергетска ефикасност “А”, останатите да се избегнуваат.

8. Доколку сега купувате климатизер, не е лошо да размислите за купување на клима уред – инвертер, кој што троши многу помалку електрична енергија отколку стандардниот климатизер.

Со оглед на глобалната дигитализација и новите технолошки решенија, клима уредите имаат нова можност за проширување на функциите со помош на Wi-Fi модулот со кој се поврзува на домашната безжична мрежа. Преку апликацијата на паметниот телефон од сега е овозможено управување на вашиот клима уред во секој момент, дури и ако не сте во близина на истиот. За да може да се управува со клима уредот преку паметниот уред, телефон или таблет, потребно е на внатрешната единица, под панелот, да се  надогради Wi-Fi модулот, а на паметниот телефон да се инсталира бесплатната апликација која е достапна за Android и iOS уредите. Со помош на оваа функција, кога сте поврзани на безжична мрежа во домот, паметните уреди функционираат како далечински управувач, со тоа што не мора да се наоѓате во иста соба кога управувате со клима уредот. Сето ова овозможува контрола и заштеда на енергија дури и кога корисникот е далеку од домот.

Ваквата неверојатна можност е веќе застапена и во Македонија, каде што со новите VIVAX инвертер клима уреди од серијата “V” и “R” се овозможува управување со клима уредот со поврзување на апликацијата на вашата 3G, 4G или било која друга Wi-Fi мрежа без оглед на тоа дали сте надвор од досегот на вашата мрежа или внатре во домот. За подетални информации во врска со ваквите уникатни и нови клима уреди во Македонија можете да го посетите официјалниот Фесјбук профил на VIVAX Македонија на следниов линк, https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/?fref=ts

*Промотивен текст

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе