Ефикасни системи за надзор на пазарот – предуслов за безбедни пазари во регионот

Системите за надзор на пазарот играат значајна улога во одржувањето на безбедни пазари и поттикнување на довербата меѓу потрошувачите и економските оператори. Развиените и ефективни системи за надзор на пазарот се предуслов за подобрување на безбедноста и усогласеноста на производите што се пласираат на пазарот, а следствено имаат големо влијание врз заштитата на потрошувачите.

Ова беше заклучено за време на регионалната работилница во рамките на проектот ГИЗ „Поддршка на регионалната економска интеграција“, која се одржа во Скопје, 8-9 март 2023 година. Претставници од органите за надзор на пазарот на економиите на ЦЕФТА се собраа со цел да отворат дискусија за развивање заедничко разбирање за конкретните активности насочени кон унапредување на размената на информации преку ефективна соработка помеѓу органите за надзор на пазарот. Работилницата беше организирана од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во име на Европската Унија (ЕУ) и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).

Илир Реџа, проект-менаџер, ГИЗ изјави дека размената на информации и градењето ефикасна соработка меѓу органите за надзор на пазарот од членките на ЦЕФТА е од суштинско значење за ефикасен, сеопфатен и доследен надзор на пазарот во регионот. „Ова ќе го стимулира развојот на похармонизиран систем за надзор на пазарот, кој ќе овозможи сигурна размена на информации за небезбедните производи кои се наоѓаат на пазарот. Договорите за структурирана и систематска размена на информации ќе им овозможат на сите членки на ЦЕФТА да отстранат одредени небезбедни производи од нивните пазари и да ги заштитат своите потрошувачи“, рече Реџа.

Џером Бенаус од DG NEAR ги посочи достигнувањата на состанокот благодарение на конструктивниот ангажман на учесниците и на поддршката од тимот експерти. Тој оцени дека наодите од прашалникот спроведен од проектот меѓу органите за надзор на пазарот на членките на ЦЕФТА, обезбедуваат многу корисна основа за зајакнување на размената на информации и соработката меѓу членките на ЦЕФТА во областа на безбедноста на индустриските производи.

Овој состанок е продолжение на проектните напори за подобрување на размената на информации и градење ефикасна соработка помеѓу органите за надзор на пазарот. Тоа е, исто така, можност да се искористи потенцијалот на постоечката експертиза за да се намалат постојните празнини и предизвици за небезбедните производи на пазарите на ЦЕФТА.

Проектот има цел да ја зајакне регионалната економска интеграција меѓу членките на ЦЕФТА. Во областа на инфраструктурата за квалитет, обезбедува поддршка за членките на ЦЕФТА во зајакнувањето на основните аспекти на системите за инфраструктура за квалитет во согласност со правото на ЕУ, за да се стимулира слободното движење на индустриските стоки и да се обезбеди правична конкуренција и заштита на потрошувачите преку подобрен систем за надзор на пазарот.

ГИЗ Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија (ORF FT)

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Промо

Македонски Телеком прославува 100 000 корисници на оптика

Read more

Виталиа потпиша меморандум за соработка со Фармацевтскиот факултет: Размена на знаења за подобро утре

Read more

Graduate програмата на Дамила е одлично место за почеток на вашата кариера

Read more

Централната зграда на Шпаркасе Банка во Охрид станува енергетски ефикасна

Read more
 

Ново

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе