Египет има нов предлог за мир во Газа: Хамас и САД се сложија, Израел молчи

Египет минатата недела поднесе нов предлог со цел обновување на договорот за прекин на огнот во Газа, изјавија денеска безбедносни извори за Reuters.

Предлогот доаѓа по ескалацијата на насилството откако Израел ги продолжи воздушните и копнените операции против Хамас минатиот вторник, со што практично заврши двомесечниот период на релативен мир. Египетскиот план предлага Хамас да ослободува пет израелски заложници неделно, а Израел да ја спроведе втората фаза од прекинот на огнот по првата недела, велат изворите.

И САД и Хамас се согласија со предлогот, рекоа безбедносни извори, но Израел сè уште не одговорил. Изворите на Reuters рекоа дека египетскиот предлог вклучува и временска рамка за ослободување на сите заложници во замена за временска рамка за целосно повлекување на Израел од Газа, со американски гаранции.

Хамас го обвини Израел дека ги прекршил условите од јануарскиот договор за прекин на огнот, но рече дека и понатаму е подготвен да преговара за прекин на огнот и дека ги проучува предлозите на специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф.

реклама

Свет

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Read more

Објавени последните зборови на папата

Read more

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Read more

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Read more
 

Вести

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Читај повеќе

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Читај повеќе

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Читај повеќе

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Читај повеќе