Егзопланетите би можеле да изобилуваат со живот, дури и подобар од Земјата

Според најновото откритие на научниците, егзопланетите во нашиот универзум можеби се дом на живот кој има многу подобри услови споредено со тие на нашата планета.

Изобилие на жив свет, далеку поброен од земјиниот кој ужива услови многу подобри отколку тие што ги нуди нашата планета. Научниците веруваат дека такви планети постојат.

Истражувачкиот тим на геофизичарката Стефани Олсон од Универзитетот Чикаго користел специјален софтвер од НАСА кој  за повеќе откриени егзопланети направил модел која какви услови за живот би можела да понуди. Резултатите биле изненадувачки.

„Условите на некои егзопланети кои имаат поволни океански струи би можеле да поддржуваат форми на живот далеку побројни и поактивни отколку на Земјата“, вели Олсон.

Овие океани имаат слично нагорување со тие на Земјата. Поради создавањето на нагорен проток на хранливи материи од длабочините на океаните до сончевите делови каде што има услови за фотосинтетички живот, значи дека постојат хранливи материи кои можат да се обноват, а тоа значи биолошка активност.

Истражувачите откриле дека комбинацијата од потенка атмосфера, побавна ротација и присуството на континенти заедно придонесува за поголемо нагорување.

Ова истражување ќе помогне да се прошират параметрите кои денес се користат во потрагата по планети кои поддржуваат живот. Моментално главните параметри се фокусираат на температурата и на присуството на течни океани. „Не сите океани се подеднакво гостољубиви. Некои океани се подобри места за живот благодарение на струите“, појаснува Олсон.

Научниците претпоставуваат дека скоро 35 проценти од откриените егзопланети кои се поголеми од Земјата би требало да се богати со вода, што значи дека има доста потенцијал за жив свет.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе