Ракомет

ЕХФ: Дувњак е најдобар ракометар на ЕП 2020

26. јануари 2020 - 13:07 | Кајгана / МИА

Стокхолм, 26 јануари 2020 (МИА) – Домагој Дувњак е прогласен за најдобар ракометар на 14. Европско првенство што завршува попладнево со големото финале меѓу Шпанија и Хрватска.

Лидерот на „коцкестите“ постигна 31 погодок во осумте настапи за националниот тим на континенталниот турнир и забележа 69 отсто прецизност во ударите кон противничкиот гол.

Дувњак беше непогрешлив и од линијата за седум метри. Ги погоди сите шест пенали за кои презеде одговорност како изведувач, направи 11 асистенции, „украде“ седум топки и постави две блокади.

Во 2006 година беше прогласен за МВП и на младинското Европското првенство на кое ја предводеше Хрватска до златниот медал. 

ЕХФ ги објави најдобрите играчи на ЕП 2020.

Коментирај