Еј Си Грин ја почна и ја заврши кариерата во НБА како девица

Еј Си Грин остана познат во НБА круговите како „Железниот човек“ поради неговата неуништливост на теренот. Тој го држи рекордот за најмногу последователни натпревари во кои настапил, со 1.192. Но, покрај тоа, тој е култен лик и поради неговата одлучност да нема секс додека не стапи во брак, иако во играчките денови му приоѓале многу девојки.

Неговите соиграчи многу често за време на гостувањата му праќале девојки во собата каде што Грин спиел, за да го натераат да има секс со нив, но тој останал верен на религијата и секогаш ги одбивал.

Еј Си Грин имаше богата НБА кариера која се протегаше низ цели 16 години. За целото тоа време тој пропушти само 3 натпревари, одигрувајќи 1278 од можни 1281 натпревар, а трите натпревари кои ги пропушти беа во неговата втора сезона во лигата, поради повреда.

Тој беше дел од популарните „Showtime“ Лејкерси, кои во средината и доцниот дел од 80-те години освојуваа титули предводени од Меџик Џонсон и Карим Абдул Џабар. Грин заедно со овој тим освои две титули, за потоа да ја продолжи кариерата во Феникс Санс и Далас Маверикс, пред да се врати во Лос Анџелес и да освои уште една титула со тимот на Лејкерс, заедно со Коби Брајант и Шекил О’нил.

Сепак, неговото најголемо достигнување беше надвор од теренот. Тој е многу религиозен човек и уште пред да ја почне професионалната кариера дал завет дека нема да има секс пред да стапи во брак. И додека неговите колеги имале секс скоро секоја вечер, некогаш и со повеќе девојки одеднаш, тој апстинирал. Надвор од теренот Грин беше многу смирен, благодарен човек, но на теренот беше нетипично див, нескротлив и вистински шампион.

Брзо по завршувањето на кариерата тој се венчаше со неговата сегашна сопруга Вероника и конечно ја изгуби невиноста.

Доколку ве интересира неговата приказна, овој НБА шампион и Ол-Стар ја раскажува во краткиот документарен филм за неговиот живот, „30 for 30 Story“. Тој и понатаму е истиот допадлив човек со кој лесно се комуницира и во моментов тој работи за доброто на општеството и општината каде што живее.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе