Актерката и комичарка Ејми Шумер нема да биде барбика во филмот „Barbie“ што ќе почне да се снима летово, а во кината треба да стигне во 2018 година.
Ејми се повлече од улогата, а како причина го наведе пренатрупаниот распоред.
„За жал, не сум во можност да се посветам на филмот поради распоредот. Филмот ветува многу, а Sony и Mattel беа одлични партнери. Разочарана сум, но со радост очекувам да го гледам филмот на големото платно“, изјави актерката за „Variety“.
Филмот ќе ја следи приказната за барбика која не се вклопува во светот Barbieland и го остава животот на кој е навикната за да почне авантури во вистинскиот свет.
Од Sony соопштија дека ја поддржуваат нејзината одлука да се повлече од проектот.
„Ја почитуваме и поддржуваме одлуката на Ејми. Се радуваме што ќе го претставиме ‘Barbie’ пред светот, а сите дополнителни иформации околу кастингот за филмот ќе ги објавиме наскоро“, велат од филмската компанија.