ЕК ја следи состојбата со корона вирусот

Засега нема потврдени случаи од заболени од кинескиот корона вирус во земјите на Европската Унија, но Комисијата го следи развојот на настаните, изјавија денес прес службите на ЕК.

- Во соработка со земјите членки ја следиме ситуацијата со неколку случаи на пневмонија, засега потврдени случаи има во Кина, Тајланд, Јужна Кореја и Австралија, имаше состанок на 17 јануари 20 земјите членки на кој се разговараа можни мерки но Европската Комисија ќе организира уште еден состанок деновиве откако проценката за ризикот биде објавена, изјави портпаролот на ЕК задолжен за здравството.

Европската Комисија не одговори да има доверба во информациите кои ѝ ги даваат кинеските власти, но рече дека состојбата се следи и преку други канали, не само официјалните кинески.

Светската здравствена организација засега не препорача рестрикции врз патувањата во Кина, но се советува да се ограничат контактите со одредени животни и да се консумира само добро пржено месо.

Речиси 300 лица се заразени од овој вирус од крајот на декември до денеска, од кои шест лица починаа. Најголемиот број заболени лица се наоѓаат во централна Кина, првото лице почина на 11 јануари.

Епицентарот на епидемијата е лоциран во пазар во градот Вухан специјализиран во морска храна и риби, голем број од заболените биле вработени на пазарот. Според медиумите, на пазарот се продавале и живи животни вклучително птици и змии.

Коронавирусот предизвикува пневмонија, односно акутно воспаление на белите дробови и може да биде смртоносен. Симптомите се голем умор, температура, кашлица и болка во градите. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе