ЕК: Напредок во политичките критериуми, „заробената држава“ се ослободува

Скопје, 19 април 2018 (МИА) – Македонија во изминатата година направи прогрес во исполнувањето на политичките, економските и демократските критериуми, оценува Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата врз основа на кој препорача да почнат преговорите за нејзино членство во ЕУ.

Во делот на политичките критериуми се наведува дека државата конечно ја надмина најсериозната политичка криза од 2001 година. Тешкотиите во процесот на формирање на новата Влада кулминираа на 27 април 2017 година со нападите во Парламентот што беше најостро осудено од страна на меѓународната заедница. Насилствата во Собранието беа напад врз демократијата и треба да биде утврдена одговорноста за тоа, укажува ЕК.

Од мај 2017 новата реформски ориентирана Влада презеде чекори во однос на „заробеноста на државата“ преку постепено зајакнување на демократијата и владеењето на правото. Се прават значајни промени во инклузивна и отворена политичка атмосфера. На локалните избори во октомври беше потврдена поддршката од граѓаните на европски ориентираните политики на владината коалиција. Парламентот продолжи да функционира, а клучни собраниски тела ги предводат претставници на опозицијата.

ЕК препорачува Собранието да ја зајакне својата законодавна и надзорна функција и да го ограничи користењето на скратени процедури при носењето закони. Се препорачува и функционален надзор над работата на Владата и разузнавачките служби, како и во заштитата на човековите права и основните слободи. Секоја форма на опструкција или нарушување на процедурите што би го попречило функционирањето на Собранието треба да се избегнуваат, а политичките партии  треба да ги зајакнат своите демократски капацитети што ќе доведе до подемократски политички процеси во земјата, наведува ЕК во извештајот за Македонија.

Меѓуетнички односи

Меѓуетничките односи остануваат чувствителни. Севкупно ситуацијата е мирна, но повремени инциденти и изјави предизвикуваат тензии. Новата Влада покажа заложба за справување со предизвиците на овој план, преку подобрување на меѓуетничките односи, зголемување на довербата меѓу заедниците и спроведување на Охридскиот договор.

Имплементацијата на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, треба да биде следена на транспарентен и инклузивен начин, препорачува ЕК.

Демократско владеење

Демократското владеење е подобрено. Новата Влада презеде чекори за ослободување на „заробената држава“ преку повеќе транспарентни чекори. Покажа политичка волја да ја спроведе реформската агенда потребна за приближување кон ЕУ, а независните, регулаторни, супервизорски и советнички тела почнаа поефикасно да ја вршат својата работа, се вели во Извештајот.  

Граѓанско општество

Граѓанското општество продолжува да игра конструктивна улога во поддршка на демократските процеси и поголема транспарентност. Од втората половина на минатата година значително е подобрена климата во која дејствуваат граѓанските организации, а Владата покажува заложба за дијалог и соработка со нив. ЕК оценува дека е потребно дополнително подобрување на правната, финансиската и политичката рамка за натамошно подобрување на условите за граѓанското општество.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе