Култура

ЕК одобри географска заштита за хрватското сирење „Бјеловарски кваргл“

21. февруари 2020 - 18:47 | МИА / КАЈГАНА

Европската Комисија соопшти дека одобрува две нови барања за регистрација како заштитена географска индикација – хрватското сирење „Бјеловарски кваргл“ и француското „маслиново масло од Прованса“.

Хрватското сирење доаѓа од регионот Бјеловар-Билогора и се произведува со свежо кравјо млеко на кое му се додава, по цедењето, мешавина на сол и бибер и потоа рачно се обликува и се применува традиционален начин на сушење и пушење. Европската Комисија оцени дека процедурите на фабрикација оправдуваат заштита на потеклото, како и 1467 други европски производи.

„Бјеловарскиот кваргл“ е 25-тиот хрватски производ кој доби заштита од ЕК.

Француското маслиново масло од Прованса денеска исто така доби одобрение од европските власти. Ова масло се произведува во одредени зони во регионот Прованса и е составено во износ од дваесет отсто од специфични видови маслинки.

– Овој состав го разликува од другите маслинови масла од соседните региони и му дава посебен горчлив или лут шмек, оцени Европската Комисија.

Коментирај