ЕХФ: Нашите и полициските истраги не најдоа докази за местење натпревари од страна на судиите

Европската ракометна федерација денес преку соопштение со огласи за наводниот „скандал“ со местење натпревари во кои се вмешани неколку судии, помеѓу нив и македонските Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Во соопштението на ЕХФ се вели дека досега нема никави докази за местење резултати како што објави данската телевизија TV2, а се однесува на натпревари во 2016 и 2017 година.

– Во декември 2018 година, Европската ракометна федерација активно и веднаш ја препрати документацијата со која располагаат релевантните органи, поточно единицата за спортски интегритет, дел од одделот за организиран криминал, при федералните криминално-разузнавачки служби на Австрија, така што сите потребни истрагите на национално и меѓународно ниво би можеле веднаш да се започнат. Ова е бараниот и неопходен чекор во оваа работа бидејќи местењето натпревари е кривично дело кое треба да го истражува полицијата како одговорна институција. Според сознанијата на ЕХФ, до денес овие истраги на полицијата не дадоа никаков резултат и шпекулациите останаа непотврдени по истрагата. Сопствените анализи на ЕХФ за спорните натпревари од спортска гледна точка во тоа време не донесоа докази што би го оправдале покренувањето правна постапка. Судиите не се суспендирани бидејќи ниту на страната на полицијата ниту на страната на ЕХФ не се утврдени суштински причини за ваквите чекори, стои во соопштението на ЕХФ.

ЕХФ има пристап со нулта толеранција кога станува збор за каков било вид наместени натпревари или несоодветно влијание врз резултатот од натпреварот. Во случај да има достапни дополнителни информации во врска со настаните споменати во извештајот, ЕХФ бара секоја таква информација да биде проследена за да може веднаш да се покренат сите потребни истраги, вклучително и полициските мерки, додаваат од европската „Куќа на ракометот“.

Најдобриот македонски судија Ѓорѓи Начевски не сакаше да ги коментира шпекулациите за наводен скандал со местење натпревари.

Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе