ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЕГИПЕТ 2021

ЕХФ одлучи да нема баражи, фаворитите директно на Мундијалот

Иако има време до Светкото првенство кое во јануари ќе се одржи во Египет, европската куќа на ракометот ги поништи бараж дуелите за последните 10 места и ги квалификува фаворитите без борба.

Со оглед на тоа што баражите закажани за јуни беа откажани поради пандемијата со коронавирусот, ЕХФ одлучи да не ги презакажува за некој друг датум, туку донесе преседан и без борба ги квалификува фаворитите според остварениот пласман на последното ЕУРО.

Со оваа одлука настрада и репрезентацијата на Македонија на која ѝ е скратена можноста да се бори за место во Египет. Наш противник беше силната Франција, дуел на кој бевме голем аутсајдер, но сепак, македонските ракометари и навивачите веруваа во чудо.

Австрија, Белорусија, Германија, Исланд, Португалија, Словенија, Унгарија, Франција, Чешка и Шведска се десетте среќни патници на Мундијалот во Египет.

Покрај овие, досега квалификувани се и Хрватска, Норвеша и Шпанија како најдобри на последното ЕУРО, Алжир, Ангола, Зелен 'Рт, Конго ДР, Мароко и Тунис од Африка, Бахреин, Јапонија, Катар и Јужна Кореја од Азија, Аргентина, Бразил и Уругвај од Јужна Америка, како и домаѓинот Египет и светскиот шампион Данска.

Допрва треба да се одлучи за преостанатите две места кои се безецирани за Северна и Централна Америка.

Македонија може единствено да се надева на добивање на една од двете вајлд карти кои ќе се доделат за да се пополнат и преостанатите две места од вкупно 32.

Мундијалот во Египет е закажан за 14-31 јануари 2021 година и ќе се игра во градовите Каиро, Борг ел-Араб, Сета Уктобер и новоизградениот град Ведијан кој ќе биде нов административен центар на Египет.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе