Екипата на „Медена земја“: Од првиот кадар бевме свесни дека имаме нешто големо

Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал Sundance.

Вчера документарецот ја имаше првата затворена проекција за македонската публика. Се нурнавме во топлиот свет на една заборавена „Медена земја“, за да излеземе разнежнети и поблаги за себе и за светот.

„Медена земја“ во Јута доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change). Првпат во историјата на реномираната манифестација еден проект беше награден со три признанија.

Вчерашната проекција ја искористивме да поразговараме со дел од ѕвездената екипа што го создаде „Медена Земја“, режисерката Тамара Котевска и продуцентот и монтажер Атанас Георгиев.

Со оглед на тоа дека Атиџе е главниот протагонист во вашиот филм, која беше твојата перспектива како жена во снимањето на документарецот?

Тамара: Ова е многу интересно прашање што често го добиваме, јас морам да кажам дека најбитниот момент во овој филм е баш дека тоа што го работевме двајца режисери, маж и жена.

Имаше влијание во пристапот на почетокот, во самото доближување до неа, во разговорите што беа на тие некои поемотивни прашања, во врска со деца, нели тоа што го зборува со мајка ѝ, на коишто јас присуствував, на таа жена многу кратко време ѝ требаше да се отвори кон сите нас подеднакво и сметам дека баш тука е главниот момент, тоа што бевме мешана екипа, тоа што сите можеа да нѐ прифатат толку отворено и подеднакво.

Колку сте задоволни од досега постигнатиот успех?

Атанас: Максимално и ова е уште на почеток, јас мислам дека ќе има уште многу успеси и филмот ќе си го доживее своето.

Дали кога почнавте со целото ова, што најпрво беше проект за кревање на свеста за една еколошка катастрофа, очекувавте дека ќе ги заземе овие размери?

Атанас: Па, олкави размери можеби не, но уште од самиот почеток бев свесен дека имаме нешто големо. Уште буквално од првиот кадар.

Почнавте како проект за заштита на животната средина, но ми се чини премина во една животна и човечка приказна...

Атанас: Токму така, она што ни е најмногу желба и цел, е од таа земја да направиме вистинска Медена земја. Сега имаме кампања поддржана од DHL и сите може да донираат за таа Медена земја, за да можеме сите некако нешто да направиме за нашите протагонисти, а понатаму и за цела една заедница, да има уште повеќе медари таму, да одгледуваат мед и тоа е онаа последната цел.

Тамара спомна дека многу добро ве примија луѓето кои се главните протагонисти во овој филм, какви се нивните впечатоци, каков е нивниот живот сега, дали имате некакви сознанија?

Атанас: Апсолутно, во контакт сме со нив, вечерва ќе дојдат некои од нив и мене ме интересира како ова ќе влијае врз нивниот живот. Секако, мислам дека на сите нас ни се промени некако животот.

Кои се идните планови за дистрибуција на филмот?

Атанас: Овој филм ќе оди во широка дистрибуција, веќе имаме потпишано договор со дистрибуциската куќа Neon од Америка, тие ќе го однесат филмот буквално до сите кина во Америка, а исто така има многу земји заинтересирани и во Европа.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе