Еклстон ја продава неговата импресивна колекција Ф1 болиди

Ф1
А.С.
/ 03.12.2024 / 13:21

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, одлучи да ја продаде својата импресивна колекција од 69 историски Гран При и Формула 1 болиди, чија вредност се проценува на повеќе од 400 милиони долари.

Британскиот бизнисмен, познат како една од највлијателните личности во спортската историја, со децении ја држеше оваа колекција подалеку од очите на јавноста. Сега тој одлучи да го продаде, а многумина го сметаат за најдобра приватна колекција на Ф1 болиди во светот. Некои од автомобилите што ги поседува се таму повеќе од 50 години и не се видени откако ги купил.

Од 69 автомобили во колекцијата, 30 му припаѓаат на Брабам, тимот што Еклстоун го поседувал помеѓу 1972 и 1985 година. Колекцијата вклучува најмалку еден пример од секој автомобил што тимот го има произведено, вклучувајќи го и иконскиот Brabham BT49C, управуван од Нелсон Пике на патот до титулата во 1981 година.

Меѓу нив е иновативниот Brabham BT46B Fan Car, познат по победата на Ники Лауда на Големата награда на Шведска во 1978 година - трка по која концептниот автомобил беше забранет.

Колекцијата вклучува и 17 Ferrari, меѓу кои се издвојува Dino 246, во кој се тркаа великани како Фил Хил, Ричи Гинтер и Тони Брукс. Посебно се истакнува Ferrari 275 F1, управуван од Алберто Аскари на Ф1 трките во Италија и Германија - првото Ферари кое победило во историјата на Формула 1. Овој болид неодамна беше реставриран во процес кој траеше две години.

Меѓу скапоцените камења на колекцијата е Ferrari F2002, со кој Михаел Шумахер и Рубенс Баричело постигнаа три победи во сезоната 2002, една од најдоминантните години за Ферари во историјата на спортот.

Remote video URL

Еклстоун, кој има 94 години, ги објасни причините за ваквата одлука.

„Ги собирам овие автомобили повеќе од 50 години, избирајќи ги само најдобрите примероци. Додека другите колекционери се фокусираа на спортските автомобили, мојата страст отсекогаш биле Гран При и Ф1 болидите. Тие се врвот на спортот, поважни од сите патнички автомобили или други тркачки возила“, рече Еклстон.

„Сите возила што ги купив имаат фасцинантна историја и се ретки уметнички дела. Но, дојде време да размислам што ќе се случи со нив кога ќе ме нема. Сакам да знам каде ќе завршат. Не сакам да ја оставам мојата сопруга да се грижи за нив откако ќе заминам, затоа решив да ја продадам колекцијата“, додаде тој.

Колекцијата на Еклстон не е само колекција на автомобили - тоа е историјата на спортот раскажана преку возилата што ги одбележаа најголемите моменти во Формула 1 Од легендарните возачи како Мајк Хоторн и Ники Лауда до иновациите што го обликуваа спортот, секој болид носи уникатна приказна.

За љубителите на мотоспортот, оваа колекција претставува неверојатна можност да се доближат до самото срце на Формула 1. Сепак, како што истакна Еклстон, цените на овие болиди не се за секого - тоа се автомобили чија вредност е еднаква на нивното историско значење.

Тагови
реклама

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Ф1

Луда Ф1 трка во Мајами, во Lego болиди

Read more

Верстапен прв ќе стартува во Мајами

Read more

Младиот Антонели испиша историја со сензационална победа во Мајами

Read more

Шумахер потпиша кацига: Дали ќе го видиме наскоро?

Read more
 

Спорт

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден е Јокиќ!

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик ги бркаше играчите на Барса од терен оти ја славеа титулата кај ривалите

Читај повеќе

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Читај повеќе