Еко тревога: Пластични карпи се појавија на бразилски остров

Геологијата на бразилскиот вулкански остров Триндад со години ги фасцинира научниците, но откривањето на карпи со остатоци од пластика во овој далечен рај за желки предизвикува тревога.

Растворената пластика е составен дел од карпите на островот, кој се наоѓа на 1.140 километри од југоисточната бразилски држава Еспириту Санту, а тоа, велат научниците, е доказ за зголеменото влијание на луѓето врз геолошките циклуси на Земјата.

„Тоа е ново и во исто време страшно бидејќи загадувањето влезе во сферата на геологијата“, рече Фернанда Авелар Сантус, геолог од Федералниот универзитет во Парана.

URL

Рибарските мрежи виновни за пластифицираните карпи

Сантос и нејзиниот тим спроведоа хемиски тестови за да откријат каква пластика има во карпите, кои се нарекуваат „пластигломерати“ затоа што се направени од мешавина на седиментни гранули и други остатоци што ја држат заедно пластиката.

„Утврдивме загадување главно од рибарските мрежи, што е многу вообичаен отпад на плажите на островот Триндад“, рече Сантус. „Морските струи ги вовлекуваат и тие се акумулираат на плажата. Кога температурата се зголемува, оваа пластика се топи и се вградува во природниот материјал на плажата.

URL

Едно од најважните заштитени места за зелените желки

Островот Триндад е едно од најважните заштитени подрачја во светот за зелените желки, каде илјадници доаѓаат секоја година да ги снесат своите јајца. Единствените луѓе на Триндад се членови на бразилската морнарица, која има база на островот и ги штити желките кои се гнездат.

„Местото каде што ги најдовме овие пластични примероци е трајно зачувана област во Бразил, блиску до местото каде што зелените желки ги несат јајцата“, рече Сантус.

„Пластиката станува дел од геолошкиот запис на Земјата“

Откритието покренува прашања за човечкото наследство на Земјата, вели Сантус.

„Толку зборуваме за антропоценот и тоа е тоа“, рече Сантус, мислејќи на предложената геолошка епоха дефинирана од влијанието на луѓето врз геологијата и екосистемите на планетата.

„Загадувањето, морскиот отпад и пластиката фрлена во океаните стануваат геолошки материјал зачуван во геолошкиот запис на Земјата.“

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Вести

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Read more

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Read more

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Read more

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе