Еколошка катастрофа: 2,2 тони нафта се излеаја кај Галапагос

Експертски тимови за брзо дејствување неуморно работат на санирање на штетата настаната од излевањето 2,2 тони нафта во водите околу Островите Галапагос откако вчера се преврти товарен брод со контејнери.

На Островите Галапагос, кои се заштитени како светско наследство од УНЕСКО, виреат некои од најуникатните и научно најзначајните екосистеми на Земјата.

Токму затоа, инцидентот алармантно ги загрижува еколозите и научниците кои со сите сили и мерки на располагање го штитат вулканскиот архипелаг кој се наоѓа во Тихиот Океан и припаѓа на Еквадор.

На Галапагос има видови што не може да се најдат никаде на друго место на Земјата. Токму таму Чарлс Дарвин ги правел неговите истражувања и дошол до неговата Теорија на еволуцијата.

Според Крајбрежната стража на Еквадор, нафтата се излеала откако тоарен брод се превртил за време на товарење.

BBC објави снимка од инцидентот што се случил на островот Сан Кристобал.

Активистичката група SOS Galapagos најостро го осуди несовесното управување со бродот и обвинува дека целата операција била „нелегална и опасна“.

Крајбрежната стража на Еквадор соопшти дека презема секакви емрки за спроведување на итниот план за санирање на штетата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе