Еколошката категоризација на возилата нема да биде задолжителна

Скопје, 16 јули 2019 (МИА) – Еколошката категоризација на возилата нема да биде задолжителна, туку факултативна, но некатегоризираните возила нема да смеат да се управуваат во забранетите зони за движење на возила што ќе ги прогласат локалните власти во услови на зголемено загадување на воздухот и доколку ги исполнуваат условите за добивење зелена еколошка налепница. Во деновите кога има забрана ќе можат да се возат само возилата со зелена маркичка.

Ова е резултат на денешната амандманска расправа на матичната собраниска Комисија за економски прашања за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила во второ читање на која беа прифатени четири од поднесените 13 амандмани.

Зелена еколошка налепница ќе можат да добијат возилата што го исполнуваат стандардот ЕУРО 5 и повеќе, но и возила со ЕУРО 4 и ЕУРО 3 стандард во кои е вграден плински или метанов уред, како и хибридните и електричните возила. Од категоризацијата се изземаат возилата на војската, полицијата, пожарната и брзата помош, како и возила во кои се возат лица со попреченост. Тие ќе можат да се движат и во зоните каде има забрана за движење поради загаденост на воздухот. Трошокот за еколошката налепница ќе биде на товар на граѓаните, а за издавање на погрешна еколошка маркичка предвидена е глоба од 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице во техничката служба.

Во законското решение се предвидени 170 милиони денари за субвенционирање на вградување на плински и метанов уред во возилата со ЕУРО 4 стандард и помалку, како и за купување на ново возило по системот старо за ново. Првично овие средства беа предвидени за субвенционирање на набавка на нови хибридни и електрични возила, но со амандманите е преиначено решението. Сепак, оние што ќе купуваат хибридни и електрични возила ќе можат да користат субвенции од програмата старо за ново возило.

Имплементацијата на законското решение ќе стартува 12 месеци по стапувањето на законот на сила со цел да се усогласи со останатите закони, а во првите три години од спроведувањето на законот ќе им се овозможи на сопствениците на возила со ЕУРО 4 стандард да добијат зелена еколошка налепница доколку побараат.

На седницата на Комисијата беа прифатени само амандманите поднесени од пратеници од владејачкото монзинство, а не беа прифатени девет амандмани поднесени од пратеници од опозицијата со кои се бараше воопшто да нема категоризација на возилата со еколошки налепници. За опозицијата  донесените измени се популистички и со нив воопшто нема да се реши загадувањето на воздухот, туку ќе се казнат најсиромашните граѓани кои имаат возила со пониска категоризација и ќе се ограничи нивното движење. Наместо тоа, предлагаат државата прво да спроведе мерки за намалување на загадувањето како што е субвенционирање за вградување плински и метанов уред, па потоа да ги категоризира возилата.

Дека нема да се реши загадувањето со новиот закон за возила се согласи и заменик-министерот за економија Кире Наумов, но тој потенцира дека во секој случај категоризацијата на возилата ќе придонесе за намалување на загадувањето.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Read more

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Read more

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more
 

Автомобили

  • filter

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Читај повеќе

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе