Живот

Економичноста не познава граници: Секс наместо централно греење

20. ноември 2018 - 20:13 | А.С.

Температурите низ Европа почнаа нагло да паѓаат, па Британците наоѓаат секакви начини да заштедат на греење.

Со оглед на тоа дека централното греење во Британија се плаќа на принцип „колку трошиш-толку плаќаш“, еден од десет Британци бираат секс наместо да вклучуваат греење.

Оваа секси и економична алтернатива ја користат 10% од Британците.

Резултатите од истражувањето на Hometree покажаа дека 63% се облекуваат повеќе, а 39% си легнуваат порано и се кријат под покривките за да заштедат на греење.

Од помалку популарните опции се оставање на рерната отворена после готвење (12%), секс (10%) и вежбање дома(8%).

„Со паѓањето на температурите, откривме дека луѓето стануваат инвентивни кога станува збор за економичност и прават сѐ за да не мора да го пуштат централното греење. Луѓето бараат алтернативни начини да се загреат, од облекување џемпер плус, спиење со шишиња топла вода, па ете и загревање со секс“, вели Сајмон Фелан, основач и главен извршен директор на Hometree, компанија за инсталирање бојлери и системи за греење.

Коментирај