Експерименталната вакцина против ХИВ е успешна кај 97% од испитаниците

Студија објавена завчера на Светскиот ден против СИДА, покажа дека експерименталната вакцина против ХИВ создала антитела кај мала група испитаници во првата фаза од студијата. Потврдено е дека две дози од вакцината, дадени со разлика од осум недели, можат да предизвикаат имунолошки одговор против ХИВ, пренесува CNN.

Резултатите беа објавени во научното списание Science, а вакцината се покажа како успешна кај 97 проценти од испитаниците, односно сите до еден, бидејќи ги имаше 36 (не вклучувајќи ги оние кои примиле плацебо).

„Учењето како да се индуцираат антитела против патогени со висока антигенска разновидност, како што се ХИВ, грип, хепатитис Ц или вируси од семејството на бета коронавируси, е голем предизвик“, се вели во студијата.

Меѓународната иницијатива за вакцина против СИДА го објави почетокот на оваа прва фаза клиничко испитување во 2018 година за да се оцени безбедноста на вакцината наречена eOD-GT8 60mer. Испитувањето опфати вкупно 48 здрави возрасни лица на возраст меѓу 18 и 50 години, кои беа запишани во две институции: Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон и Центарот за рак Фред Хачинсон во Сиетл.

12 испитаници добиле плацебо

Меѓу учесниците, 18 примиле доза од 20 микрограми вакцина и осум недели подоцна истата доза на вакцина, 18 примиле 100 микрограми вакцина и осум недели подоцна доза на вакцина со иста големина, а 12 примиле две дози од солен плацебо со разлика од осум недели.

Истражувачите собирале и анализирале имунолошки клетки од крвта и лимфните јазли на учесниците во текот на студијата. Конкретно, тие испитуваа како Б-клетките, тип на бели крвни зрнца кои создаваат антитела во имунолошкиот систем, реагираат на вакцината. Не беа откриени сериозни несакани ефекти и ниту еден учесник не доби ХИВ за време на студијата.

Околу 97%, или сите освен еден, од 48-те учесници во студијата пријавиле локални или системски несакани ефекти кои биле генерално благи или умерени, како што се болка на местото на инјектирање, малаксаност и главоболка. Овие симптоми престанаа во рок од 1-2 дена.

Минатата година, повеќе од 38 милиони луѓе живееле со ХИВ или СИДА ширум светот. Во тек се повеќе од 20 клинички испитувања на вакцини за ХИВ, објави Меѓународната иницијатива за вакцина против СИДА.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе