Експерт за говор на тело откри како навистина се чувствуваа Меган и Хари за време на интервјуто

Во интервјуто за Опра кое се емитуваше во неделата, војвотката од Сасекс Меган Маркл и принцот Хари зборуваа за тешкотиите со кои се соочувале додека биле членови на кралското семејство.

Меган зборуваше за своето ментално здравје и расизмот во кралската палата. Хари објасни дека решил да го напушти кралското семејство за да ги заштити сопругата и детето. Двојката претходно оваа година објави дека трајно ќе се повлече од кралските должности. Нивните тела зборуваа подеднакво гласно како и усните изјави.

Пети Вуд, експерт за говор на тело и автор на „Snap: Making the Most of First Impressions, Body Language, and Charisma“ за списанието Marie Claire рече дека Меган, и покрај нејзините тешки сведоштва, сепак се воздржувала.

„Гледаме мешавина од емоции во нејзините очи. Замислена е. Го врти погледот, се присетува. Има дел од неа што се смее додека се сеќава, но има и солзи. Има работи што ѝ се драги, како свадбата. Некои настани ја тераат на плач. Значи станува збор за комплексна мешавина на емоции. Таа се обидува да ги контролира“, рече Вуд.

Вуд исто така спомена дека Меган сакала да се заштити од предрасудите на публиката на почетокот на интервјуто: „Ги прекрсти нозете на заштитнички начин. Рацете ѝ се во скут. Тоа ја штити од напади врз нејзиниот идентитет и женственост“.

Меган имаше комплицирана врска со публиката, но и со кралицата. Иако Меган зборуваше со љубов за неа, Вуд забележува дека нејзиниот говор на тело откри нешто покомплексно: „На самиот почеток на интервјуто, Опра ја споменува кралицата, а Меган покажа сложени, негативни вокални и гестикулациски знаци за неа“.

„Мрмореше. Кога рече дека кралицата била една од првите луѓе што ги запознала од кралското семејство, погледна надолу и направи гримаса. Направи движење со јазикот. Ова е совршен пример за тоа како невербалните сигнали откриваат како навистина се чувствуваше“, продолжи Вуд.

Во измачувачкиот опис на Меган за нејзините борби со менталното здравје, говорот на телото го одразуваше она што го зборуваше.

„Се обидуваше да ги потисне спомените од тој страшен период. Кога плачеше, тоа беа вистински солзи“.

Кога се дискутираше за „загриженоста“ на палатата во врска со бојата на кожата на Арчи, ставот на Меган значително се смени. За Вуд, овој дел од интервјуто беше најстрашен, бидејќи говорот на телото на војвотката сугерираше дека таа навистина е во состојба на страв: „Таа се местеше во столицата, што е потсвесна желба да избега од ситуацијата“.

„На лицето ѝ се појави израз на чист страв. Тоа беше моментот кога Опра се обиде да ја убеди да каже кој ја коментирал бојата на кожата на Арчи. Беше толку исплашена“, рече Вуд.

Хари изгледаше тажен од фактот дека не беше во можност да го заштити своето семејство. Вуд објаснува: „Телото на Хари се чини се распадна, бидејќи тој зборуваше за недостаток на поддршка од семејството“.

Иако интервјуто ја откри траумата што Меган ја претрпела за време на нејзиниот престој во Лондон, говорот на телото на парот ја покажа нивната љубов и посветеност еден на друг во тешки моменти. Кога Меган го откри полот на второто бебе, Вуд забележува дека нејзината насмевка била искрена и дека војвотката изгледала среќна. Таа дури и се кикотеше.

За време на разговорите за расизмот во Бакингемската палата и желбата да се маргинализира Меган, парот се држеше за рака.

„Анализирав стотици фотографии од нив. Таа го гледа нејзиниот сопруг секогаш кога тој зборува. Ако има можност да се допрат, ќе го направат тоа. Луѓето веројатно се прашуваат каква е нивната врска сега. Тие се тука за еден за друг и се поддржуваат. Навикнати се да наоѓаат утеха еден во друг“, заклучи Вуд.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Живот

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Read more

Колку пати може повторно да се употребува маслото за пржење?

Read more

Вечерна рутина во три чекори што ја обновува кожата додека спиете

Read more
 

Магазин

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе