УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Експерт за ВАР објасни зошто беше досуден пенал за Англија

По речиси еден месец од Европското првенство во Германија, ни останува само финалето. Англија стигна до таа фаза втор пат по ред. Избраниците на Гарет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1 и изборија дуел со Шпанија за трофејот европски шампион. Холанѓаните рано поведоа со прекрасниот гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо одговори од белата точка. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, се појави Оли Воткинс кој погоди во 90-тата минута.

Ден по натпреварот, една од главните теми на англиските и светските медиуми е пеналот кој беше досиден за Англичаните, кој многу навивачи го сметаат за многу контроверзен. Да потсетиме, во таа ситуација Кејн шутираше кон голот на Холандија, а Дензел Думфрис невнимателно влезе во блок. Откако англискиот напаѓач веќе ја шутна топката и го промаши голот, во продолжението на акцијата дојде до контакт со ногата на Думфрис.

Главниот судија на натпреварот, Феликс Цвајер, на почетокот не досуди ништо, но на сугестија од ВАР собата ја прегледа снимката и покажа на белата точка. Голем број англиски експерти, како што се поранешните играчи Гари Невил и Џејми Карагер, се согласија дека тоа не е пенал. Сепак, стручњак за ВАР ја појасни судиската одлука.

Зошто беше свирнат пенал за Англија?

Дејл Џонсон, експертот за ВАР, објасни зошто се огласиле од ВАР собата и му предложиле на судијата да дојде и да го погледне видеото. „Зошто му беше предложено на Цвајер дека ова е пенал? Поради природата на ударот на Думфрис, кој имаше крампоните од ѓонот свртени кон Кејн додека тој се обидуваше да ја шутне топката“, започна Џонсон.

„Тоа се смета за невнимателен, непромислен старт и тоа е и причината поради која холандскиот играч доби жолт картон. Тоа е една ситуација во фудбалот каде што стартот дури и по удар може да се протолкува како прекршок - кога стартот е непромислен или опасен“, додаде тој.

На стадионот веднаш по одлуката дека е досуден пенал на семафорот се појави објаснување. „Пенал - играчот на Холандија со бр. 22 направи непромислен старт над противникот во обид да игра со топката“, гласеше пораката на екранот.

Remote video URL
реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Фудбал

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Read more

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Read more

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе