Експерти: Европа влегува во нов бран на коронавирусот

Здравствените власти во Европа велат дека показателите укажуваат на уште еден бран на инфекција со Ковид на овој континент, јави Анадолија.

„Иако не сме таму каде што бевме пред една година, јасно е дека пандемијата на COVID-19 сè уште не е завршена“, се вели во заедничката изјава на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравје и безбедност на храна, Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа и Андреа Амон, директорка на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Тие констатираа дека повторно се бележи пораст на показателите во Европа, што укажува дека започнал уште еден бран на зарази, скренувајќи внимание на можното повторно појавување на грипот со доаѓањето на есента и зимата.

Во соопштението се истакнува дека милиони луѓе ширум Европа сè уште не се вакцинирани против COVID-19.

„Европските земји треба да вложат максимални напори да стигнат до невакцинираните, за да добијат и дози од вакцината против COVID-19, а во исто време да дадат дополнителни дози на приоритетните групи, согласно националните препораки“, се наведува во заедничката изјава.

Беше истакнато дека е важно здравствените работници, лицата над 60 години, бремените жени, како и лицата чии постоечки болести го зголемуваат ризикот од потешки форми на болеста во случај да се заразат, да се вакцинираат против грип и COVID-19.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе