Експерти: Губењето антитела на короната не е нужно лоша вест

Појасниот увид во фактот дека нивото на антитела може брзо да исчезне кај луѓето кои имале коронавирус, не мора да биде лоша вест за имунитетот, изјавија денеска британски експерти додавајќи дека „тоа не значи автоматски дека заштитата со вакцина ќе биде слаба или краткотрајна“.

Експерти за имунологија и вируси предупредуваат дека не треба многу да се чита за нивото на антитела во крвта на пациентите кои го прележале вирусот, бидејќи антителата не се единствениот систем на имунолошка одбрана.

– Концентрацијата на антитела во крвта не значи колку е силен вашиот имунитет, рече Еленор Рајли, професорка по имунологија и заразни болести на Универзитетот во Единбург.

Таа и нејзините колеги велат дека исчезнувањето на антителата во крвта не објаснува како организмот гради имунитет за инфекции.

– Имунитетот не е нешто што можеме да го поистоветиме со нивото на антитела или одговорот на Т-клетките. Имунитетот е систем кој работи на друг начин и следниот пат кога ќе се сретнете со инфекција, не мора да значи дека ќе ја закачите, а ако ја закачите не мора да значи дека ќе се разболите посериозно. Тоа се нарекува заштитен имунитет, рече Рајли.

Затоа, многу потенцијални вакцини против COVID-19 се направени за да изградат посилен имунитет со „повикување“ на посилна таканаречена „имунолошка меморија“.

– Антителата се генерално краткотрајни, бидејќи штом ја завршат работата, на вашето тело повеќе не му требаат, рече Џонатан Стоје, главен вирулог на британскиот институт „Френсис Крик“.

Стоје додава дека тоа не значи дека имунитетот трае кратко.

– Таканаречените мемориски клетки можат да реагираат сосема добро во борбата против нова инфекција, рече тој.

После COVID-19, научниците сè уште не знаат колкава количина од имунолошкиот систем ќе се покаже како доволна.

Сепак, многу производители на вакцини укажуваат на одговорите на антителата и Т-клетките, на кои се гледа како важни за долгорочен имунитет.

– Имунолошкиот систем е многу комплициран. Знаеме дека антителата исто така се важни, но не е сè во антителата. Важна работа се имунолошките мемориски клетки, изјави Лоренс Јанг, професор по молекуларна онкологија на Универзитетот Варвик во Обединетото Кралство.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе