Експерти: Настрешницата во Нови Сад била 23 тони потешка од дозволеното

Конструкцијата на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се урна на 1 ноември и усмрти 15 лица, била за 23,11 тони потешка од првично проектираната, се вели во извештајот на вештачењето, пренесува Н1 Србија.

Имено, Техничкиот факултет во Нови Сад – отсек за градежништво и геодезија, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, изврши вештачење на зградата на Железничката станица во Нови Сад, со цел да се утврди причина за уривање на настрешницата.

Според мислењето на вештото лице, меѓу другото се наведува дека „конструкцијата на настрешницата во моментот непосредно пред кршењето била оптоварена со оптоварување што е поголемо од првично проектираното за околу 107 кг/м², т.е. за околу 23,11 тони“, пишува Н1 Србија.

Стручниот тим на експерти во извештајот наведува и дека „сметаат дека визуелните индикации за такво нешто мора да биле забележливи во деновите пред уривањето на настрешницата“.

„Клучниот конструктивен елемент за обезбедување на носивоста и стабилноста на настрешницата, бил во состојба на намалена носивост и зголемено оптоварување во моментот на уривањето“, наведуваат од Факултетот во заклучоците на пресметковна анализа.

„Намалената носивост ја потврдија резултатите од лабораториските испитувања на Институтот ИМС, според кои, во моментот непосредно пред уривањето, околу 40% од жиците во затегнувачите биле во дефект. Причината за ваквата состојба била корозија која настанала на спојот на затегнувачот и кровниот носач. Овој дефект можел да се утврди со увид на конструкцијата при контролни проверки пропишани како дел од редовното одржување на објектот“, се наведува во заклучокот.

Тагови
реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Какви промени носи Марс во Рак од 11 август до 27 септември?

Read more

Регион

Пожар на Закинтос, упатен итен апел

Read more

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Read more

Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера

Read more

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Read more

Вести

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Читај повеќе

Стефковски: Нула комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е исправна

Читај повеќе

Пожар на Закинтос, упатен итен апел

Читај повеќе

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите

Читај повеќе

Јаневска: Околу 50 случаи на врсничко насилство се пријавуваат во просек во училиштата на годишно ниво

Читај повеќе

Миграциска политика на ЕУ: И левичарите го заоструваат ставот

Читај повеќе

ДУИ: КК Чаир добил 3,6 милиони денари, Изет Меџити да каже каде завршиле овие пари

Читај повеќе

Возач удрил во малолетник со тротинет и избегал, детето со тешки повреди пренесено во болница

Читај повеќе