Експлозии во фабриката „Слобода“ во Чачак, работниците евакуирани

Серија експлозии се случија во фабриката „Слобода“ во Чачак рано утрово, со почеток во 1:30 часот, јави Радио-телевизија Србија.

Засега нема информации за причините за несреќата.

Сите работници од ноќната смена, како и граѓаните кои живеат во близина на фабриката се евакуирани и никој не е повреден, потврди градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ.

Тој рече дека околу 60 работници работеле во третата смена и дека сите биле веднаш евакуирани, а околу 2:30 часот биле евакуирани четворица работници кои од експлозиите се заштитиле во подрумските простории.

– Околу 1:30 часот се слушнаа првите детонации, тие се случија во складиштето за муниција. Добро е што експлозијата и пожарот не се случија во производствените сали, рече Тодоровиќ.

Магацинот се наоѓа на околу 800 метри од влезната порта.

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, исто така рече дека експлозијата, за среќа, се случила во магацинот на готови производи, а не во самото производство.

– Се разгледуваше да се евакуира значителен дел од Чачак, но немаше потреба. По 24 часа од последната детонација, пожарникарите ќе можат да влезат, речеи Вулин и нагласи дека најважно е сè да биде безбедно.

Сè уште се слушаат повремено детонации, но многу поретко и со помал интензитет, а РТС од местото на настанот јавува дека ситуацијата се смирува.

Граѓаните во близина на фабриката кои беа евакуирани полека се враќаат дома. Некои од нив изјавија дека на автомобилите може да се забележат траги од експлозијата. Има и скршени прозорцие на некои куќи.

По тричасовна блокада, сообраќајот е нормализиран, а затворен е само патот што води кон фабриката. 

Противпожарната спасувачка единица со девет члена и три возила, како и противпожарните возила на фабриката со 10 нивни работници се пред фабриката и ќе интервенираат кога ќе бидат исполнети условите.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе