Експлозија на цените: Новите автомобили поскапеа и до 44 отсто

Цената на основниот Golf во Германија се зголеми за 9.000 евра.

Инфлацијата очигледно доби нова димензија, а поскапувањето на новите автомобили е поврзано со одлуките на производителите и еколошките прописи на Европската Унија.

Исчезнуваат некои подостапни верзии, а се заменуваат со поскапи основни опции.

Германскиот автоклуб (ADAC) пресмета дека новите автомобили поскапеле и до 44 отсто во последните пет години, што е многу повеќе од инфлациските трендови на пазарот. Значително зголемување, особено ако се земе предвид дека моделите на патнички автомобили обично се на пазарот шест до седум години пред да пристигне помодерен наследник.

Особено во последно време, на виделина излегоа некои екстремни примери. Според ADAC, VW Golf со 90 КС беше достапен за 20.700 евра само пред една година. Овој основен модел сега е заменет со верзија со 130 КС која чини дури 29.560 евра. За скоро 9.000 евра повеќе добивате помоќен мотор и тоа е сè.

Поскапувањата не ја одбегнаа ни конкуренцијата на VW. На пример, додека минатата година Fiat Tipo со 100 КС беше достапен по цена од 17.490 евра, сега само хибридната верзија со 130 КС е достапна во Германија со основна цена од 28.490 евра – зголемување за цели 11.000 евра.

Fiat 500 сега е достапен и како хибрид - што значи дека цената се зголеми од 13.000 евра (2020) на 16.500 евра (2022 година).

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе