Експлозија во Брисел, еден загинат, седум повредени

Едно лице загинало а седум се повредени, меѓу кои три тешко, во експлозија што се случила вчера во станбена зграда во белгиската престолнина Брисел, најверојатно поради истекување на гас за домаќинство, соопшти бриселското државно обвинителство.

 „Во саботата попладнето жителите на две згради биле жртви на експлозија по којашто избувнал пожар“, се наведува во соопштението на обвинителството.

„Седум лица се примени во две болници. Три се тешко повредени, меѓу нив и двегодишно дете и петнаесетгодишник. Во текот на вечерта во урнатините е пронајдено тело на маж. Идентификувањето сé уште не е извршено“, додава обвинителството на Брисел.

Началникот на општината во којашто е квартот Сен Жил, каде што се случила несреќата, Шарл Пике,за белгиските телевизиски мрежи RTL и RTBF изјави дека „најверојатно станува збор за несреќен случај поврзан со истекување на гас“.

На 22 март, 2016 година Брисел беше цел на најкрвавите напади во својата историја кога беа убиени 32 лица, а 320 ранети во два синхронизирани напади на аеродромот и во подземната железница. Оттогаш белгиските безбедносни сили се на подигнато ниво на подготвеност и секој сличен инцидент го предизвикува вниманието на медиумите.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Свет

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more
 

Вести

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе