Избувна експлозија во градинка во источниот дел на Кина, соопштува британскиот весник Daily Mail. Инцидентот се случил во момент кога родителите чекале да си ги земат своите деца од објектот.
Полицијата соопшти дека има многу жртви, но нивниот број во моментов не се прецизира. Најмалку 66 се повредени, a фотографии од местото на несреќата укажуваат дека деца и возрасни лежат на земјата.
Според податоци на медиумите, во болница се сместени најмалку 40 лица, но не се објавени причините за експлозијата.