Регион

Експлозија во воена фабрика во Крагуевац, најмалку 20 повредени

28. февруари 2017 - 18:03 | Макфкас

Најмалку 20 луѓе се повредени, но се стравува дека има жртви во експлозијата и пожарот во воена фабрика во српскиот град Крагуевац.

Експлозиите и пожарот се случиле во одделот за ремонт на муниција, а се сомнева дека во несреќата има поголем број повредени, но за жал и жртви, бидејќи од детонацијата и пожарот кој потоа се проширил се урнал покривот на погонот, но тоа засега не е потврдено.

„Првата експлозија одекна околу 13.30 часот во Техничко-ремонтниот завод во Крагуевац“, потврди министерот за одбрана Зоран Ѓоргевиќ на прес-конференцијата во Белград, посветена токму на воената или така наречената наменска индустрија.

Податоците коишто досега ги имаат властите по првата експлозија немало настрадани. Меѓутоа, малку по 15 часот се случила уште една експлозија во којашто, според дописникот на Радио-телевизија Србија (РТС), има најмалку дваесет повредени.

Според порталот на дневниот весник Политика, за разлика од првата експлозија била слаба, така што жителите на Крагуевац ниту ја слушнале, втората била толку силна што „се затресол целиот град“.

Медиумите јавуваат дека кон приодите кон Техничко-ремонтниот завод има упатено многу возила на итната медицинска служба. Повредените се пренесуваат во Клиничкиот центар во Крагуевац со цивилни и воени амбулантни возила, а во гасењето на пожарот се ангажирани повеќе од 40 пожарникари на кои им помагаат припадници на Војската на Србија и вработени во заводот.

Според досегашните сознанија во текот на гаснењето на пожарот кој избувнал околу 13.20 часот, дошло до експлозија. Медиумите прецизираат дека пожарот избувнал во објектот „А 28“.

Министерот за одбрана Зоран Ѓоргевиќ и министерот за материјални ресурси Ненад Милорадовиќ се во Крагуевац, а до крајот на денот се очекува официјално соопштение на министерството.

Коментирај