Екстремниот спуст на лизгалки започнува со спектакл во Јапонија

Светското првенство во Ice Cross Downhill или екстремен спуст на лизгалки, ја започнува својата сезона 2018/2019 со својата премиерна трка во Азија, закажана за вториот викенд од декември во Јапонија.

Бестрашните лизгачи кои се натпреваруваат на патеки од мраз со препреки долги до 600 метри по четворица во исто време со брзини до 80 километри на час исто така ќе се врати и во смрзнатата северна Финска на трката во Јиваскила четврта сезона по ред. Последната од трите трки на Red Bull Crashed Ice премиерно ќе се одржи во Бостон, САД, односно во „Фенвеј“, домот на безбол тимот „Ред Сокс“.

Учесниците во најбрзиот спорт на лизгалки ќе се борат за првата победа на отворањето на сезоната во Јокохама на 8 декември, што ќе биде прва трка во долгата историја на овој спорт што е одржана во Азија.

Спектакуларна патека со должина од 350 метри направена од вештачки мраз и поставена над сликовитиот брег во Јокохама, со познатиот мост во позадина, ќе биде првата арена каде што ќе се сретнат аспирантите за новата титула. Легендарниот Такеши Јасутоко кој лани направи трансфер од „инлајн“ лизгалки на мраз, имаше импресивно деби на последните две трки од сезоната, а сега ќе се надева на предноста на домашниот терен при стартот на адреналинските трки.

Патеката во Јокохама е составена од неверојатно брза комбинација на спуст и масивен скок пред првиот свиок, по што следуваат ритмички секции на средината. Сталоженоста и менталната сила ќе бидат на испит во последната третина од патеката, каде што има „скалила“, „мост“ и „бранови“.

Red Bull Crashed Ice се главен настан од светското првенство на ATXS Ice Cross Downhill, каде што победникот добива 1000 шампионски бодови („ATXS 1000“). Покрај тоа, во календарот на сезоната се и трките ATXS500 и ATXS250, кои вредат 500 и 250 шампионски поени, и се одржуваат низ Северна Америка и Европа.

Канаѓанецот Скот Кроксал, кој освои 2745 поени од трките Red Bull Crashed Ice и Riders Cup ќе се обиде да го одбрани својата тешко изборена титула од светското првенство на Ice Cross Downhill оваа сезона, со поранешните шампиони Камерон Неш (САД), кој беше втор во генералниот пласман минатата година со 2600 поени, Марко Далаго (Австрија), Дерек Веџ (Швајцарија) и Кајл Кроксал (Канада) кои ќе му дишат во врат за оваа престижна титула. Во женското натпреварување, на моменталната светска шампионка Американката Аманда Транзо нема да и биде лесно, зашто поранешната двократна шампионка Жалин Леже (Канада) ќе биде нетрпелива повторно да се искачи на тронот.

Јуниорското светско првенство се враќа во својата трета сезона. Тоа е натпреварување кое им помага на младите тркачи да се здобијат со бесценето искуство на натпреварување по патеките, под рефлекторите и под притисокот за перформанси на вистинско натпреварување од еден светски шампионат.

Над 1.000 спортисти од 25 земји и пет континенти низ светот учествуваат во трките кои станаа толку популарни што редовно привлекуваат многубројна публика во градските центри.

Трката во Јокохама ќе биде емитувана во живо на Red Bull TV, со почеток во 11 часот претпладне на 8 декември. Red Bull TV е достапен на сите поврзани телевизори, компјутери, играчки конзоли, мобилни и други уреди. Дознајте повеќе на about.redbull.tv.

Календар за 2018/2019 (Ice Cross Downhill)

8 декември 2018 Јокохама, Јапонија

2 февруари 2019, Јиваскила-Лајис, Финска

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе