Свет

Еквадор му додели државјанство на Џулијан Асанж

11. јануари 2018 - 18:40 | М.Д.

Еквадор му додели државјанство на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој веќе пет години живее во азил во амбасадата на таа земја во Лондон.

Министерството за надворешни работи на Еквадор соопшти дека денеска функционерите одлучиле да му доделат државјанство на Асанж, додека не се пронајде начин за решавање на неговата ситуација.

Асанж во 2012 година се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон и одбиваше да оди во Шведска на испитување во рамки на истрага за силување, бидејќи верува дека Шведска ќе го екстрадира во САД, поради објавувањето на тајни војни документи околу војните во Ирак и Авганистан.

Еквадор го одобри барањето за политички азил од страна на основачот на Викиликс.

Британското Министерство за надворешни работи го отфрли барањето на Еквадор за на Асанж, кој е роден во Австралија, да му одобри дипломатски статус.  

Коментирај