ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот во Катар, Чиле и Италија на готовс

Чиле побара од ФИФА да истражи дали Еквадор во квалификациите за Светското првенство настапувал со играч кој немал право да игра за таа држава.

Во жалбата поднесена од Фудбалската федерација на Чиле (ФФЦ) до Дисциплинската комисија на ФИФА се тврди дека Еквадорецот Бајрон Кастиљо е всушност Колумбиец и дека ја фалсификувал неговата возраст.

ФФЦ тврди дека Кастиљо користел лажен извод од матична книга на родените и националност за да се регистрира како Еквадорец.

Ако е вистина, според правилата на ФИФА, Еквадор би можел да го загуби местото на Светското првенство.

Чиле бара пласман

Еквадор заврши на 4. место во јужноамериканските квалификации и избори директно место во Катар пред Перу, кој мора да игра интерконтинентален бараж против Австралија или ОАЕ во јуни. Колумбија заврши на 6. место.

Но, Чиле ги цитира правилата на ФИФА и вели дека Еквадор треба службено да ги загуби осумте натпревари на кои настапи Кастиљо, а на противниците да им бидат доделени по 3 бода за секој од нив.

Така Чиле, кој заврши седми, ќе ги прескокне Колумбија и Перу на 4. место кое води во Катар.

Такво нешто се случи во квалификациите за Мундијалот 2018 во Русија кога Боливија службено загуби неколку натпревари поради играч за кој се утврди дека немал право да игра за оваа репрезентација. Но, тоа се случи уште додека квалификациите беа во тек.

„Постојат безброј докази дека играчот е роден во Колумбија, во градот Тумако, на 25 јули 1995 година, а не на 10 ноември 1998 година, во еквадорскиот град Хенерал Виљамил Плајас“, се вели во соопштението на Чиле.

Во соопштението се тврди дека Фудбалската федерација на Еквадор знаела дека играчот е Колумбиец, додавајќи: „Светот на фудбалот не може да ги затвори очите пред толку многу предизвици. Практиката на сериозни и свесни неправилности во регистрацијата на играчите не може да се прифати. Мора да има фер игра на и надвор од теренот“.

Националноста на Кастиљо, наводно, била разгледувана од еквадорските власти и ФЕФ во текот на неколку години, пред играчот на крајот да биде избран за националниот тим минатата година.

Се надева и Италија

Овие вести од Јужна Америка допреа и до Италија која сѐ уште не може да се помири со елиминацијата од Македонија во мартовските баражи и втор Мундијалот по ред кој ќе го пропушти.

Италијанците се надеваат дека натпреварите на Еквадор нема да бидат поништени и табелата од квалификациите во Јужна Америка нема да претрпи промени, туку дека Еквадор едноставно ќе биде исфрлен од Мундијалот и едно место ќе биде празно.

Доколку такво сценарио навистина се случи, тогаш Италијанците го цитираат членот 6 од Статутот на ФИФА, кој вели: „Доколку некој учесник се откаже или биде исфрлен од едно натпреварување, ФИФА ќе одлучи по ова прашање по сопствена дискреција и ќе преземе какви било дејствија што ќе ги смета за неопходни“. Односно, дека ФИФА самата ќе одлучи која репрезентација да го заземе местото на Еквадор.

Во секој случај тешко е за верување дека европска репрезентација, а не јужноамериканска, би го земала местото на Еквадор. Зошто Европа би добила едно место плус на сметка на Јужна Америка? При такво сценариот КОНМЕБОЛ сигурно не би седел мирно.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе