Ел Чапо е во затвор, каде се милијардите?

Ел Чапо веќе е тргнат од сцената. Мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман по изрекувањето на пресудата доживотен затвор беше префрлен во најстрого чуваниот затвор во Колорадо.

Како и другите затвореници, најверојатно и тој ќе биде 23 часа во самица која има тесен прозорец висок околу 107 сантиметри низ кој може да го види само небото. Затворениците како него не можат да се движат без придружба, а се користат посебни ограничувања за да се обезбеди затворениците да не можат да влијаат или да се закануваат надвор од затворските ѕидови. Пребројувањето затвореници се обавува најмалку шест пати дневно.

Картелот на Ел Чапо, Синалоа, имплодираше и сега расцепканите фракции се обидуваат да се издигнат како негов наследник. Тоа значи крвава борба за превласт на територии и секако – пари. Ако Ел Чапо е во затвор, тоа не значи дека дрогата престана да се движи од земјите на потекло до наменетите пазари.

Она што е уште поинтересно од доживотната затворска казна на наркобосот е документот од 12 страници за конфискација на движен и недвижен имот и стока што обвинителите го поднесоа непосредно пред изрекувањето на казната. Пресметките се особено детални: Имотот на Ел Чапо вреди 12.666.181.704 долари. Овие бројки се проценката од доказите приложени од сведоци кои дадоа изјави за вредноста на имотот, а тоа се сметководителот на картелот Хесус Замбада, и добавувачите Хуан Карлос Рамирез и Хорхе Сифуентес Вилја.

Обвинителството не откри како и каде ќе го бара ова богатство, но поранешниот шеф на Одделението против перење пари на обласното Јавно обвинителство за Менхетн, Данкан Левин, даде некакви насоки за тоа што ќе се случува понатаму.

„Конфискувањето е дел од казната. Ако има имот во САД ќе имаме право да го конфискуваме“, рече тој и додаде дека согласно закон од 1957 година, државата има право да конфискува имот стекнат делумно или целосно со перени пари. Исто така, може да се гони секој бизнис во кој картелот Синалоа имал „вмешано прсти“.

Левин додава дека најголемиот дел од имотот најверојатно е во Мексико и потрагата по него „во голема мера ќе зависи од помошта од мексиканската влада“, иако во моментов има тензии меѓу Мексико и САД.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе