БЕГСТВОТО БИ БИЛО НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА

Ел Чапо се надева дека со жалба ќе се извлече од американскиот затвор Супермакс

Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, пред една година беше осуден на доживотна робија, а веќе се надева дека со жалба ќе може да се извлече од американскиот затвор Супермакс.

Поранешниот бос на нарко картелот Синалоа некогаш важеше за најзлогласениот и најмоќниот наркобос во светот.

Пред една година беше осуден на доживотен затвор, плус 30 години, откако беше прогласен за виновен по 10 точки од обвинението за трговија со дрога, перење пари и убиства. Оттогаш, казната ја отслужува во затворот во Колорадо, во ќелија 2 на 4 метри.

Неговата адвокатка Мариел Колон тврди дека Гузман се фокусира на жалбата и дека сега работат на тоа. Жалбата со која ќе настојуваат да биде поништена пресудата планираат да ја поднесат пред крајниот рок на 21 август, но шансите Ел Чапо да излезе од затвор засега се многу мали.

Барем така смета специјалниот агент на ДЕА Реј Донован кој посвети голем дел од својата кариера на тоа да го фати Хоакин Гузман.

„Единственото нешто кое треба да го знаете за неговото судење е дека има планина од непобитни докази против Ел Чапо и картелот Синалоа“, истакна Донован за CNN.

Обвинителството го нарече Гузман „безобѕирен и крволочен водач“, а сведоците на судењето тврдеа дека Ел Чапо наредувал, а понекогаш и учествувал во измачувања и убиства на припадници на други картели.

Мексиканскиот нарко бос двапати побегна од затвор во Мексико, првиот пат во 2001 година од затворот Пуенте Гранде во Халиско, криејќи се во количката со валкана постелнина, а вториот пат во 2015 година кога побегна од затворот во градот Алтиплано, кога поегна преку тунел долг 1,5 километар.

Неговиот поранешен соработник Дамасо Лопез сведочеше на судењето дека Гузман барал да се ископа тунел директно до неговата затворска ќелија.

Ел Чапо беше уапсен во текот на крвава битка со мексиканските маринци и конечно беше есктрадиран во САД во јауари 2017 година, за да се соочи со американскиот правосуден систем.

„Владата на САД ќе ме пикне во затвор каде веќе никогаш нема да се слушне моето име“, рече Гузман пред судот, непосредно пред да му биде изречена казната.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе