Судот за работнички прашања во Мајнц пресуди во корист на Анвар Ел Гази и ја укина одлуката за негово отпуштање во Мајнц, Германија, поради нагласувањето на поддршката за Палестина.
Холандскиот фудбалер со марокански корени во ноември минатата година доби отказ од Мајнц, по што возврати со тужба.
Епилогот на сè е што Мајнц ќе треба да му плати 1,7 милиони евра на 29-годишниот фудбалер, а договорот меѓу двете страни останува на сила.
Договорот на играчот првично требаше да истече на крајот на јуни оваа година, но тој вклучуваше клаузула за едногодишно продолжување доколку Мајнц остане во Бундеслигата како што направи, така што договорот автоматски беше продолжен.
The labor court in Mainz ruled that the termination of Anwar El Ghazi by FSV Mainz 05 was invalid.
— DW Sports (@dw_sports) July 12, 2024
The Bundesliga club terminated the player's contract in November 2023 following his pro-Palestinian posts on social media, prompting the player to file a lawsuit.
The club must… pic.twitter.com/5Qe8aWnjno
Инаку, нивниот спор започнал веднаш по нападот на 7 октомври, кога фудбалерот на англиски го објавил слоганот „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“.
Потоа ја избриша својата објава, а Мајнц објави дека Ел Гази покажал жалење за претходната објава и му било дозволено да се врати на тренинзите на првиот тим.
По неколку дена, фудбалерот повторно се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека ја осудува смртта на цивилите, антисемитизмот, окупацијата и геноцидот и дека стои на своите претходни ставови.
Набргу потоа Мајнц објави раскин на договорот со 29-годишниот фудбалер, а судот утврди дека коментарите на Ел Гази се заштитени со неговото право на слобода на говор.
Ел Гази минатото лето пристигна во Мајнц како слободен играч на крајот од преодниот рок, а претходната сезона настапуваше за Ајакс.
Пред тоа настапуваше за Лил, Астон Вила, Евертон и ПСВ Ајндховен, а два пати го носеше дресот на холандската репрезентација.
Каде би можел да игра Ел Гази следната сезона не е познато, но Судот одлучи Мајнц да го испочитува договорот доколку не се најде решение прифатливо за двете страни.