„Ел Класико“ низ бројки

Најголемото дерби на шпанскиот фудбал и една од најголемите пресметки во светот на фудбалот, дуелот на Барселона и Реал, ќе се одигра денеска на „Ноу Камп“ во Барселона.

Барселона и Реал во популарното „Ел Класико“ ќе се соочат по 264-ти пат, на претходните 263 средби Барселона е поуспешна има 109 победи, наспроти 96 на големиот мадридски ривал, а 58 мечеви завршиле без победник. Гол разликата е на страната на Барселона 458:431.

Во Барселона гигантите на шпанскиот фудбал одиграле 85 натпревари, Барса има 49 победи, Реал славел 19 пати, а 17 натпревари завршиле без победник.

Првиот меѓусебен дуел оваа сезона, одигран во Мадрид, заврши со убедлива победа на Барселона 4:0. Барса се наоѓа во неверојатна серија, од 39 мечеви без пораз. Последен пат Барселона загубила на 10 октомври минатата година во Севилја.

Барселона сезонава не загубила натпревар кога нејзините играчи први постигнале гол.

Лионел Меси, официјално најдобриот светски фудбалер, е најдобриот стрелец во историјата на овие дуели. Аргентинецот постигнал 22 гола во дуелите против Реал, четири повеќе од легендата на Реал Алфредо Ди Стефано, а зад нив се Роналдо и Раул со по 15 голови.

Кога станува збор за настапите во „Ел Класико“, од активните играчи, рекордери се Андрес Иниеста и Серхио Рамос кои имаат одиграно по 21 натпревар. Воопшто рекордот според бројот на настапи го држат Ченто и Санчиз од Реал, односно Чави од Барселона кои одиграле по 42 натпревари.

На „Ноу Камп“ ќе истрчаат најдобрите пет стрелци во тековната сезона во Примера. Кристијано Роналдо е лидер на таа листа со 28 голови, два помалку има Луис Суарез од Барселона, потоа следуваат Меси (22), Нејмар (21) и Бензема (20).

„Ел Класико“ ќе биде дуел на двата најдобри напади во Примера, Реал има постигнато 87 голови, еден повеќе од Барселона. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе