Манекенката која неодамна наполни 53 години изгледа совршено - како на почетокот на кариерата пред цели три децении.
Ел Макферсон сосема оправдано го носи прекарот „Тело”. На нејзиниот профил на Instagram објави фотка во бикини од последната нејзина колекција, која докажува дека времето стои за неа.
Својот изглед им го должи на дорбите гени, но и здравиот живот. Веќе со години се придржува до принципот на алкална исхрана, односно консумира исклучиво намирници кои не ја реметат природната pH вредност на организмот.
„Вежбам 45 минути дневно, шест пати неделно, а комбинирам планинарење, скијање на вода, пливање и трчање. Моето сфаќање за здравата исхрана се сведува на внесување на три здрави оброци дневно. Не јадам црвено месо, житарки и млечни производи”, вели таа.