ЕВРОЛИГА 2019/20

El País: Евролигата до крај на сезоната во Атина, Истанбул или Москва

Челниците на кошаркарската Евролига наводно размислуваат за продолжување на сезоната, а во нивниот план е сите 78 натпревари да се одиграат во еден град во кој има две арени, пишува шпанскиот весник El País.

На тој начин, сезоната би завршила за пет недели. Пред да се тргне во реализација на идејата, екипите би добиле две недели за подготовки.

Тренерите, играчите и тимскиот персонал би требало да се јават во клубовите во што пократок рок и по 14 дена во самоизолација да се вратат на терен на подготовки за продолжување на сезоната.

Како градови кандидати за домаќини, весникот ги наведува Атина, Истанбул и Москва.

Сето ова се претпоставки за плановите на раководството на кошаркарската Евролига. Колку од ваквите пишувања на El País ќе бидат реализирани, останува да се види со оглед дека пандемијата на коронавирусот е во полн ек и сигурно ќе потрае уште одреден период.

Во меѓувреме, Асоцијацијата на клубови и Синдикатот на професионални играчи од Грција донесоа одлука да се стави крај лигата во Грција. Уште не е јасно дали лидерот Панатинаикос ќе биде прогласен за шампион.

Крај на кошаркарската сезона досега прогласија и Украина (шампион Днипро), Литванија (Жалгирис), Хрватска (уште не е прогласен првак), Белгија (Остенде), Словенија (уште не е прогласен првак) и други земји, како и регионалната ВТБ лига.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе