Electric Dream - графиката никогаш не изгледала толку реално

Сѐ уште не го виделе најновото во развојот на компјутерската графика? Не знаете што пропуштате.

На настанот State of Unreal, Epic ги демонстрираше можностите на својата Unreal Engine технологија, истакнувајќи ги новите функции и оптимизации донесени од верзијата 5.2. Сепак, големо внимание привлече демото „Electric Dreams“, кое ги воодушеви гледачите со својот графички квалитет и можностите на енџинот.

Демото на Electric Dream, кое ги користи основните карактеристики на Lumen - динамичен глобален систем за осветлување и рефлексија - и технологијата Nanite, имаше за цел да демонстрира алатки за процедурално создавање содржина и прикажување на вегетација.

Демото прикажува фотореалистичко Rivian R1T возило кое се движи низ џунгла создадена со технологијата Quixel Megascans. Од теренот до вегетацијата, снимката изгледа неверојатно верна на реалниот живот, а најдобро од сè - тоа не е претходно направена анимација, туку рендерирање во реално време.

Демото го прикажува и напредокот во физичкиот мотор, така што деформацијата на гумите, амортизерите и симулацијата на течности изгледаат подобро од кога било.

Едно од најважните подобрувања што ги донесе верзијата Unreal Engine 5.2 е процедуралното создавање на светови. За време на демонстрацијата, програмерите во живо ги преместуваа карпите, а самиот енџин автоматски го пополнуваше празниот простор каде што претходно беа. Физиката е уште еден аспект што беше многу импресивен, со лијани, камења и вода што соодветно реагираа. Ова е благодарение на енџинот Chaos Physics, кој ги надминува популарните PhysX и физичкиот енџин со отворен код на Nvidia и кој со време ќе ги замени.

Целосната снимка од State of Unreal можете да ја погледнете тука:

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Гејминг

Nintendo без милост кон пиратеријата

Read more

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Read more

Првиот OLED гејминг монитор со 500 Hz во светот

Read more

GTA 6 го сруши интернетот

Read more
 

Гик

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Читај повеќе

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе