Електричен автомобил помина 2.573 километри со едно полнење

Електричен автомобил развиен од студенти на Техничкиот универзитет во Минхен (TUM) го собори светскиот рекорд патувајќи 2.573 километри со само едно полнење на батеријата.

Новиот светски рекорд е за речиси 1.000 километри подолг од претходниот.

Електричен автомобил наречен Muc022 99 часа кружел околу празен хангар на аеродромот во Минхен за да го собори светскиот рекорд. Претходниот светски рекорд од 1.608,54 километри беше соборен по четири дена.

Батеријата од 15,5 kWh конечно се потроши по точно 2.573,79 километри.

„Во тој процес учениците првенствено се потпираа на добро осмислена аеродинамика и лесна конструкција“, се наведува во соопштението, а возилото трошело само 0,6 kWh на 100 километри.

Во 2016 година, тимот од Минхен веќе постави светски рекорд за најефикасен електричен автомобил. При просечна брзина од 25 км/час нивното возило трошело 0,81 kWh на 100 километри.

„Безброј часови работа се вложија за да се подготви за рекордот. Уште повеќе нè радува што сега го држиме светскиот рекорд.

Muc022 веќе беше успешен на неколку натпревари, а сега ова е крунско достигнување. Сакаме да им се заблагодариме на сите што нè поддржаа“, изјавија од тимот на TUfast Eco.

Како што објави Electrive, електричниот автомобил наречен Muc023 од студентската иницијатива наречена „TUfast Eco“ беше претставен во мај оваа година и тежи само 65 килограми.

Сепак, за да го постави светскиот рекорд, тимот користеше постар модел, Muc022, тежок 75 килограми, но додаде поголема батерија што ја донесе вкупната тежина, без возачот, на 170 килограми.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Авто новости

Колку е можен хакерски напад на модерните автомобили?

Read more

Живот на тркала: Модуларниот XBUS наскоро ќе се најде во продажба

Read more

Dacia продаде 8 милиони автомобили во изминатите 19 години

Read more

Дали знаете да се снајдете во „патент“ ситуација во сообраќај?

Read more
 

Автомобили

Колку е можен хакерски напад на модерните автомобили?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Живот на тркала: Модуларниот XBUS наскоро ќе се најде во продажба

Читај повеќе

Dacia продаде 8 милиони автомобили во изминатите 19 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали знаете да се снајдете во „патент“ ситуација во сообраќај?

Читај повеќе
  • filter

Презентирана редизајнираната Mazda 2 Hybrid

Читај повеќе

На 16,3% од половните автомобили им е враќана километражата

Читај повеќе

Пристигна новиот Mercedes-AMG GLC Coupe

Читај повеќе

BMW подготви и две хибридни plug-in опции за новата Серија 5

Читај повеќе

Како автомобилските гуми да ви траат подолго?

Читај повеќе