YouTube каналот Warped Perception се занимава со необични инженерски проекти, од кои последниот е ставање млазен мотор на електричен ромобил - чисто за забава и од љубопитност.
Мет Мика, јутјубер кој го води прилично успешниот канал Warped Perception, најмногу се занимава со проекти поврзани со автомобили, мотоцикли и други видови механика. Каналот има речиси 1,2 милиони претплатници, кои тој ги забавува со своите необични проекти. Еден од нив беше поставувањето на три млазни мотори на Tesla.
Најновото видео повторно се занимава со сличен млазен мотор, но овој пат Мика го качи на електричен ромобил. Како „жртва“ тој го зеде сопствениот моќен и робустен romobil со погон на две тркала, Fiido Beast, за да може неговата конструкција да го издржи вградувањето на млазен погон и брзините што ќе ги постигне.
Откако смислил начин да го прицврсти моторот на ромобилот, ја направил целата потребна конструкција, го додал резервоарот за гориво, контролната електроника и на крајот се упатил на тест возење. Најголемата брзина што успеал да ја постигне на прав дел од патот била околу 100 км/час, по што системот на ромобилот, според самиот јутјубер, некако го запрел дополнителното забрзување.
Кога возел со исклучен ромобил достигнал и малку поголема брзина, но во тој момент не можел да ја измери бидејќи и брзиномерот бил исклучен.
Можеби најдобриот совет поврзан со вакви проекти е познатото „не го пробувајте ова дома“. Доволно ќе биде само да го погледнете ова видео и да видите колку е навистина опасно нештото, особено во еден момент кога млазниот мотор се запалил за време на тестирањето.