Чек дис аут

Електричен тротинет е причината за пожар во станбена зграда во Минхен

20. септември 2019 - 10:12 | А.С.

Во стан на вториот кат во една станбена деветкатница во Минхен вчераутро изби пожар. Иако противпожарните единици брзо реагираа, станот е целосно опожарен.

Во инцидентот нема жртви, иако околу стотина станари во зградата панично почнале да бегаат, а на 10 им била дадена медицинска помош откако вдишале чад.

Ова секако е немил настан, но немаше да стане толкава вест ако не се раширеше информацијата која е причината за избувнувањето на пожарот.

Според минхенската полиција, сопственикот на станот во неговиот дом го оставил електричниот тротинет да се полни во текот на ноќта. Најверојатно дошло до технички дефект и избил пламен од батеријата што предизвикал пожар и го пеплосал целиот стан.

Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот по едночасовна интервенција, а материјалната штета се проценува на 200.000 евра.

Коментирај